Со пригодни манифестации, Охрид ќе го одбележи 7-ми ноември – Денот на ослободувањето.
Седми ноември-Денот на ослободувањето на Охрид, ќе биде одбележан со повеќе настани и манифестации.Предвидените манифестации се во организација на Општина Охрид и Општинската организација на Сојузот на борците од Народноослободителната и антифашистичката војна на Македонија.Според програмата, централната манифестација односно свечена културно-уметничка програма, ќе се одржи во вторник напладне во големата општинска сала. Претходно,во 10 часот во Спомен паркот на Револуцијата ќе биде положено свежо цвеќе пред бистите на паднатите борци, а во селото Рамне ќе се одржи Панихида пред споменикот на Јасна Ристеска.По централната свечена програма, поточно во 13 часот свечено ќе биде предаден во употреба реновираниот објект „Развигорче“ на детската градинка „Јасна Ристеска“, со што оваа установа ќе го одбележи и својот патронен празник. Програмата за одбележувањето на 7 неммври Денот на ослободувањето ќе заврши со вечерниот седмоноемвриски концерт на учениците од ОМУ „Методи Патчев“- Охрид што ќе почне во 18 часот и 30 минути.
