Охридските ресторани со најконкурентни цени во регионот

Македонија најконкурентна во однос на цените на угостителските услуги во регионот. Во рестораните и кафулината цените на традиционалните специјалитети и пијалоци се драстично пониски во однос на Хрватска, Грција и Бугарија.

 

Во Охрид тавче гравче може да се јаде за 2,5 евра, ѓомлезе за едно евро, да се вкуси чаша македонско вино за само 1 евро. Евтини се цените и на домашното сирење, кисело млеко пити и други специјалитети.

– „Дефинитивно може да кажеме дека Охрид има конкурентни цени.Ако некогаш Охрид го критикувавме дека има скапи цени нависитна веќе Охрид е прилагоден според онаа понуда и опкружувањето во моментов на туристичкиот пазар“, вели Тоше Чочороски хотелиер.

Најскапи се националните ресторани во Хрватска. Вистински луксуз е таму да се јаде домашна пршута, морски риби, домашното месо и да се проба далмациско вино.

– „Рестораните кои ја нудат нашата тардиционална кујна се доста скапи. Таа понуда на таквите јадења денес е навистина доста скапа. 03 17 Не е како во Грција или Македонија гледам овде таа традиционалната кујна не е скапа“, вели Фрањо Уран професор на Универзитетот во Хрватска.

Соседна Грција нуди ниски цени на сместување, но многу повисоки цени во рестораните.

– „ Да, да скапо е но заради економската криза цените може да кажам дека стагнираат , се на исто ниво како пред пет години“, вели Фотис Филипирис професор од Грција.

Според експертите најважно е цената да одговара на квалитетот што туристите го добиваат.

Новинар Соња Рилковска

Канал 5 ТВ 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани