Охрид ќе го одбележи Светскиот ден на театарот

Народен Театар Охрид го чествува 27 март – СВЕТСКИОТ ДЕН НА ТЕАТАРОТ.

По тој повод, Охриѓани ќе имаат можност да ја изгледаат комедијата на Бранислав Нушиќ – АНАЛФАБЕТ, со актерите Горан Стојаноски, Никола Тодороски, Стрезо Стаматовски и Адринана Билаловиќ Тодороска. Режијата е на Ѓорѓи Ризески. 
Почеток: 20:00 часот
Влез: 150 денари

Во претставата се користат пиротехнички средства и претставата не е препорачлива за возраст под 14 години.

Билетарата на театарот работи секој ден освен во недела од 10:00 – 20:00 часот.Меѓународниот ден на театарот се прославува од 1962 година, а е воспоставен од Меѓународниот театарски институт, со цел да се афирмира вредноста и важноста на театарската уметност, и да се апелира до владите, политиката и институциите да ја препознаат вредноста која театарот ја носи за луѓето, индивидуите и развојот на заедниците. Многу театарски институции низ целиот свет, на овој ден синхронизирано испраќаат универзална порака, напишана од реномирани светски имиња во театарската уметност.

 

 

 

Social profiles