Охрид одбележа 120 години од смртта на Методи Патчев

Делегација на Општина Охрид, предводена од градоначалникот Кирил Пецаков положи свежо цвеќе и присуствуваше на културната манифестација што се одржа пред спомен обележјето на Методи Патчев во градскиот парк, а по повод одбележување на 120 години од неговата смрт.

 

Свежо цвеќе положија и членови од фамилијата Патчев, претставници од Општинското основно музичко училиште „Методи Патчев“ , од Здружението што го носи неговото име, од Сојузот на борци на Република Македонија и претставници на политички партии .

Пред присутните историчарот Михаил Патчев одржа историски час, а беше проследена и културно уметничка програма во чии рамки настапи Светлана Богданоска – Ристоски на флејта, а беше изведена и песната „Јас Методи Патчев“.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани