Охрид овој викенд преполн со туристи

Топлото време за време на Рамазанскиот продолжен викенд го преполни Охрид.

Илјадници туристи се разладуваат на плажите на брегот на Охридското езеро. Охридската чаршија е преполна, илјадници гости и на кејот и на рекреативните градски патеки. Преполни се и охридските ресторани и кафулиња……

Градот пулсира во летен ритам. Бројни гости се и дел од меѓународниот хорски и фолклорен фестивал „Охридски бисер“, на кој учествуваа 450 уметници, играорци и хористи од Турција, Бугарија, Србија, Албанија, Германија, Полска и други земји.

Во исто време се одржува и интернационалниот фестивал „Словенија во Охрид“. 

 Вистинско летно лудило овој викенд.

 ФОТО Фејсбук

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани