Земјотрес, повторно го „здрма“ Охрид но и околните градови Струга и Ресен. Сеизмолозите велат дека земјотресот потекнува од охридското епицентрално подрачје.
Земјотрес со магнитуда од 2,8 степени сопред Рихтер и интензитет од III до IV степени според Европската макросеизмичка скала утринава во 1 часот и 2 минути е почувствуван во Охрид, Струга и Ресен. Според Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, епицентарот на земјотресот потекнува од охридското епицентрално подрачје. Епицентарот на земјотресот бил на 8 километри од Охрид, на длабочина од 5 километри.