Охрид три дена живееше во ритамот на виното и музиката

Со одлична атмосфера, голема посетеност и богата музичко-винска програма, синоќа заврши петтото издание на Ohrid Wine Festival, манифестација која и годинава го означи стартот на летната туристичка сезона во Охрид.

Во текот на трите фестивалски вечери, охриѓани, домашни и странски туристи имаа можност да дегустираат врвни македонски вина, да уживаат во автентични гастрономски вкусови и во богата музичка програма, која создаде препознатлива фестивалска атмосфера во срцето на градот.

Во третата, завршна фестивалска вечер, голем број посетители уживаа во богатата понуда на вина, додека за одличната атмосфера се погрижија „Солзи и смеа“, DJ Fic, Битолскиот камерен оркестар и „Суперхикс“, кои со своите настапи ја кренаа публиката на нозе.

Фестивалот и оваа година уште еднаш ја потврди својата улога како значајна туристичка и промотивна манифестација, која успешно ги поврзува винарството, гастрономијата и културно-забавната понуда на Охрид.

Ohrid Wine Festival прераснува во еден од најпрепознатливите летни фестивали во регионот, привлекувајќи сè поголем број посетители и давајќи дополнителен импулс за развој на туризмот и локалната економија.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани