Охрид вброен во 19 те неверојатни места во Европа за кои не сте знаеле дека постојат.
На листата на магазинот „Culture trip“ мегу прекрасните европски места е сместен македоснкиот бисер охрид.
-Ова е начин што подобро да се истражи Европа, преку откривање на нејзините непознати прекрасни скриени скапоцени камења – ни верувате, има илјадници. Значи, погледнете подалеку од Лондон, Рим и Париз, и истражете ги овие 19 волшебни места за себе. И да, вашиот Instagram е за да добие еден тон лајкови, пишува туристичкиот магазин.
-Охридското езеро е скапоцен камен на македонската круна. Откако ќе го изуживате во синото езеро, ќе имате можност да видите безброј фрески во средновековните цркви и да откривате антички римски амфитеатри. Охрид навистина заслужува место на вашата листа 2017!