Охрид синоќа приреди свечен пречек за ракометарите на ГРК Охрид по освојувањето на европскиот пехар. Градскиот плоштад беше исполнет со граѓани кои заедно со ракометарите го прославија историскиот успех на клубот.
Градоначалникот на Кирил Пецаков наапиша Охрид е „вистинска бајка“ и плоштадот блесна во боите на победата, исполнет со емоции, гордост и заедништво.
„Охриѓани покажаа како се сака својот клуб и како се слават историски успеси. Заедно со нашите херои од ГРК Охрид го дочекавме европскиот пехар таму каде што припаѓа – во нашиот град, во градот на светлината“, напиша Пецаков на социјалните мрежи.
Тој им се заблагодари на сите граѓани кои присуствуваа на прославата, оценувајќи дека успехот на ракометарите претставува „победа за Охрид и победа за сите нас“.





