Охрид ЅОЅ: Мерко управува со Струга како автономна зона

Градоначалникот на Струга се однесува како да владее со автономна зона, а не како да е дел од една земја во која владеат истите закони за сите! , обвинија денеска од Охрид ЅОЅ.

 

-Во Струга немало дивоградби, не требало ништо да се руши, него „баш го бригало што зборувале луѓето“, концесионерите ги спремале плажите за претстојната сезона, општината била затворена поради опасност од КОВИД-19. И таквото однесување му е допуштено и нему и на неговите сопартијци од ДУИ  во Охрид!Нефи Усеини има бетонска база до самиот брег на Охридското Езеро, има дивоградба среде чаршија, тепа советници на седница на Совет и нема НИКАКВИ реперкусии! Општина Охрид уште не ни одговорила на официјалниот допис кои сѐ концесионери управуваат со плажите на крајбрежјето од 2008 година до денес, која е висината на надоместокот што го плаќале?

Дополнително, прашуваме по кои критериуми се почнало со рушењето и по кој редослед се руши? Бараме Влада на Република Северна Македонија да ни достави одлука и план за работа со соодветна динамика и редослед на рушењето. Нам ни изгледа дека струшкото крајбрежје ќе остане нечепнато зашто во моментов со него владее партија која речиси две децении е непрекинато на власт! Видовме како се озаконува криминал од партија која само половина од времето на дуи беше на власт.
Дали уредбата со законска сила која владата ја донесе, а се однесува на враќање на плажите во првобитната состојба важи и за Струга? Или таму важат посебни закони? Или не важат закони? Навистина е крајно време државата да застане на патот на дуи, ако имаме функционални институции, секако. Бараме санкции за функционерите на дуи, бараме затворски казни за тие што ги заслужиле, бараме да се оневозможи една криминална група да оперира непречено на штета на јавниот интерес! Или Македонија е уште заробена држава?, прашуваат од Охрид ЅОЅ: 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани