Во два одделни случаи фатени албански државјани кои илегално преминуваат граница кај Ќафасан.
На 19.06.2020 во 17.10 часот од полициски службеници на Граничен премин „Ќафасан“ при вршење на гранични проверки врз моторно возило „ивеко фиат“ со албански национални ознаки во кое се превезувале Ш.О.(58), Р.Т.(31), Џ.Г.(36), Н.Г.(31), Р.Т.(27) и Х.Д.(21) сите од Р.Албанија, било констатирано дека истите немале остварено легален влез во Р.С.Македонија со што постои основано сомнение дека сториле прекршок по чл.9 од Законот за гранична контрола. Лицата се приведени и предадени на полициски службеници од Полициска станица Ќафасан за понатамошна постапка.
На 19.06.2020 во 16.30 часот на раскрсница за с.Мали Влај на магистрален пат Струга – Граничен премин „Ќафасан“ од полициски службеници од Полициска станица Ќафасан биле приведени Ф.О.(25), Б.Љ.(34) и К.А. сите од Р.Албанија бидејќи по извршени проверки било констатирано дека истите илегално ја преминале граничната линија помеѓу Р.Албанија и Р.С.Македонија во близина на Граничен премин „Ќафасан“ со што постои основано сомнение дека сториле прекршок по чл.9 од Законот за гранична контрола. Лицата се спроведени до Полициска станица Ќафасан за понатамошна постапка, информираат од МВР.
