Светскиот туризам со загуба од 195 милијарди долари

Пандемијата на коронавирусот  го загрози светскиот туризам, предизвкувајќи загуби  од 195 милјарди американски долари. 

намален е  бројот на меѓународни пристигнувања од почетокот на годинава до крајот на април за 44 проценти во однос на истиот период минатата година, со огромни загуби на приходите,   објави Светската туристичка организација (UNWTO).

Иако април се очекуваше да биде еден од најпрометните периоди во годината поради велигденските празници, и покрај веќе присутната пандемија, универзалното воведување на ограничувањата за патување доведе до пад од 97 проценти во меѓународните туристички пристигнувања тој месец.

Веќе во март падот беше 55 проценти во целиот свет, додека за периодот од април па наваму, особено за летниот дел од туристичката година, UNWTO забележува дека се гледа одредена надеж, но дека сè уште е неизвесно и неблагодарно за прогнози.

Податоците на UNWTO покажуваат дека до крајот на април, туризмот во Азија и Пацификот бил најтешко погоден од пандемијата, со 51 процент помалку странски туристи од минатата година, додека Европа е на второ место со пад од 44 проценти.

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани