Охридската болница се прости од Дијана Димоска

Охридската болница се прости од медицинската сестра Дијана Димоска, која пред три дена почина од корона.

Денес  точно напладне возилата за брза помош на Здравствен дом и возилата од Општа болница од Охрид заедно со свирење и ротација на светло  и оддадоја  последна почит на прерано починатата медицинска сестра Дијана Димоска и на сите жртви на опасниот корона вирус Ковид -19. Димоска имаше само 49 години и беше работно ангажирана во Интерно одделение на болницата во Охрид и ја загуби последната битка со Ковид – 19. Дијана завчера беше погребана на Градските гробишта во Охрид.

 

❗️ЗАПОМНЕТЕ ❗️: Неколку едноставни поуки за неширење на вирусот Ковид-19

Social profiles