Охридскиот Чинар ќе биде прогласен за Споменик на природата. Изготвен е елаборат за валоризација останува градските советници да го усвојат.
Локалната е должна да издвојува околу 15 000 евра годишно за одржување на дрвото.
– На годишно ниво јас би рекла некој си 15 тина илјади евра но поголемиот дел се за да се открие она што е направено за заштита, да се реставрира дрвото, да му се обезбеди стабилизација на крошната и редовно уредување на есен и на пролет на неговата крошна, вели Менка Спировска Друштво за еколошки консалтинг.
Елаборатот предвидува да се уреди и околината на Чинарот, а ќе се заштитат и другите чинари во градот Охрид.
-Она што ќе се направи сега и е предмет на сегашниот совет на одлучување ќе се случува и за другите чинари но не сакавме да одат во пакет баш заради тоа што имаат различен и капацитет, различна старост имаат и различно значење за градот Охрид затоа секој ќе оди поединечно, додава Спировска.