Охридските градинки дел од хуманитарниот проект „Собираме и ре-креираме со Бимилк“

Охридските детски градинки ќе бидат дел од големиот хуманитарен проект за едукација на децата: „Собираме и ре-креираме со Бимилк“.

Покрај во Охрид, хуманитарниот проект и едукативните работилници, како пилот-проект ќе се спроведуваат и во градинките во Скопје, Битола, Тетово, Куманово, Пробиштип, Гевгелија и Кавадарци.Како општествено одговорна компанија, Битолската млекара започна нов голем проект под името „Собираме и ре-креираме со Бимилк“ чија главна цел е поттикнување на навиките за зачувување на животната средина уште од најрана возраст.Проектот подразбира реализација на едукативни работилници наменети за деца од 4 до 5 години, а во нив се вклучени близу 2.000 деца од повеќе од 60 градинки ширум државава. Се работи за иницијатива во која Бимилк ги поттикнува децата да собираат празни амбалажи од Битолско млеко и од нив понатаму да изработуваат разни корисни предмети што може да имаат секојдневна употреба, со цел уште од најрана возраст да ја научат важноста за рециклирање и зачувување на животната средина.Истовремено, проектот има цел да ја поттикне и хуманоста кај децата бидејќи на крајот предметите ќе бидат изложени на голем хуманитарен базар на кој собраните средства ќе бидат донирани за СОС Детско село Македонија.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани