Охридските средношколци се запознаа со трговијата со луѓе

Шест жени  лани биле  жртви на трговија со луѓе. Од нив три биле малолетни,  а три возрасни лица.  Пет биле сексуално злоставувани, а  една била присилена на брак.

 

Ова не е реалната слика во земјава ,  кај нас се уште не се пријавува трговијата со луѓе, додека во соседните држави веќе отворено се зборува и таму  се идентификувани стотици жртви.

Токму поради тоа  деновиве  невладината организација „Отворена порта“ започна со  кампања за подигање на јавната свест. Во Охрид и Струга се одржаа едукативни средби со средношколците.

-Ова е караван кој што ќе продолжи низ цела Македонија. Целта на овие директни средби со средноколците  е да ги запознаеме со трговијата со луѓе и како да се заштитат, бидејки воедно младите се тие што се под највисок ризик да станат жртви на трговија со луѓе,  рече Стојна  Атанасовска – Димишковска раководител на „Отворена порта“.

Најчеста мета на трговците се младите, тинејџери во пубертет од 13 до 17 години, а токму тие  вооопшто не се информирани за оваа проблематика.

– Токму затоа сакаме да го доближиме овој проблем дека е реалност во Македонија и дека се случува. Знаете ова е ера на  користење на интернет, кој што често го користат и трговците со луге како мерка за да ги вовлечат жртвите преку користење на групи каде младите контактираат со непознати, вели Димишковска.

Од 2002  година е отворена  првата и единствена, бесплатна СОС телефонска линија во државата, која е специјализирана за информирање и интервенција во случаи на трговија со луѓе. На оваа линија досега помош побарале   3114 лица.

Караванот на „Отворена порта“  под слоганот „Што гледаш? Биди нивниот глас!“ после Тетово, Гостивар, Струга и Охрид продолжува со едукативни средби со средношколците  во Куманово, Штип, Гевгелија и Скопје.

Новинар Соња Рилковска

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани