Охридските угостители против најавите недела да е неработен ден

Угостителите во главниот туристички центар на готовс.

  Ги подготвија кафетериите и рестораните, секој момент, чекаат  дозвола да отпочнат со работа. Се надеваат дека тоа ќе се случи час поскоро и со прифатливи мерки,  без големи отповарувања,  бидејќи огромни се штетите што ги трпи угостителскиот сектор.

Оваа сезона надежта е во домашните гости, кои се очекува да летуваат на брегот на Охридското езеро.

– „Јасно е дека годинава во најголем дел ќе бидеме потребни  само за домашните посетители, меѓутоа се надеваме дека ќе нема понатамошни компликации што дополнително ќе не оптовари“, вели Михаил Мишев претседател на угостителски еснаф.

Угостителите велат оваа сезона цените ќе се прилагодат според буџетот на домашните гости. Нема да има поскапување на услугите, напротив  може да има нивно намалување.

– „Јасно е дека ќе се потпреме на домашните гости, нашиот стандард го знаеме сите така да јасно е дека нема да можеме да имаме некакви отскоци со ценовната политика“, додава Мишев.

Велат подготвени се да почитуваат растојание помеѓу масите, дезинфекција, редари  и персонал со заштитни маски, само гласно  се против најавите ,  недела да не работат угостителските објекти.

Викендите се најважните денови во угостителството и туризмот, особено оваа сезона , која уште на стартот е осудена на пропаст поради корона вирусот. Угостителите бараат да започнат со работа час поскоро. Да се врати вревата во празните кафетерии и ресторани. Конечно да живне главниот туристички центар. 

Новинар Соња Рилковска

 

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани