Повеќе од половина час охридско – струшкиот регион е без електрично напојување.
Проблеми има и со телефонската мрежа Без струја се Охрид, Струга, Дебрца и Вевчани.
Неофицијално се работи за поголем дефект поради големите снежни врнежи.
Граѓаните револтирани негодуваат , поголемиот дел од нив се греат на електрична енергија.
Плаќаме прескапи сметки, а при секое невреме сме отсечени, пишуваат граѓани до Охриднет.
Прекинот во електричното напојување се случи пред 12 часот.
