Охридското Езеро прогласено за најубаво место во Европа

Охридското Езеро доби уште едно големо меѓународно признание – прогласено е за најубаво место во Европа, според изборот на туристичките новинари на Time Out.

Ова признание уште еднаш ја потврдува вредноста на овој природен бисер и неговото значење како една од најатрактивните туристички дестинации на континентот.

Во образложението, Охридското Езеро е опишано како „поевтина алтернатива“ на познатото езеро Комо, но со подеднакво импресивна убавина и значително помал метеж.

Туристичките новинари потенцираат дека станува збор за неправедно потценета дестинација, која нуди кристално чиста вода, планински пејзажи и крајбрежје исполнето со историски населби.

Едно од најстарите и најдлабоките езера во Европа, Охридското Езеро претставува уникатна комбинација на природна убавина и културно наследство, што го прави исклучително привлечно за посетителите од целиот свет.

Со ова признание, Охрид уште еднаш се позиционира на светската туристичка мапа како дестинација што мора да се посети.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани