Охрид преполн со туристи за Првомајскиот викенд

Традиционално за првомјските празници, Охрид  преполн со туристи. Бродовите ги кренаа сидрата, запловија кајчињата,  голема посетеност на  излетничките места, културно-историските споменици, музеите, рестораните и кафулињата.

Најбројни се туристите од земјава и соседството, особено Србија и Грција, но забележливо е присуство и на организирани групи од Европа и далечниот Исток.

Анкета:

За две ноќи и патот не чинеше 90 евра.

Цените се супер. Ние сме цела група, бевме на тврдината, утее имаме крстарење убаво е.

Имате  добра храна, баш е убаво.

Бев во Охрид во осумдесеттите, доста се променило, но убаво е. Добри се цените има избор.

На Балканска тура сме, ни се допаѓа.

Многу е убаво тука

Многу убава атмосфера има во Охрид.

Малку поскапо од Ресен ама е убаво.

Охрид сè уште важи за достапна и евтина дестинација, особено атрактивна за младите од Србија.

-Охрид е нашата најдобра дестинација за Нова година и 1 Мај. Цената беше навистина пристапна,  преку нашата агенција имавме ласт минут понуда  50 евра по лице. Три ноќевања, четири денови  и  седум забави, велат туристички водичи од Србија.

-Доаѓаат најмногу млади. Забава на брод , воглавно овде има најубави забави, вели туристички водич од Србија.

Први Мај  се смета за почеток на туристичката сезона. Според официјалната статистика во  периодот јануари – февруари годинава   бројот  на туристи  е зголемен за 6.0 %.

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани