Казни до 5.000 евра и забрана за чување: Се заоструваат мерките за заштита на животните

Се подготвува нов Предлог-закон за заштита и благосостојба на животните, со кој се воведуваат значително построги правила и високи казни за несовесните сопственици.

Според предложените измени, сопственик кој ќе го напушти својот миленик може трајно да добие забрана за чување животно.

Глобите исто така драстично се зголемуваат. За несоодветно чување или шетање куче се предвидуваат казни од околу 400 евра, додека за сурово однесување, мачење или усмртување на животни, санкциите можат да достигнат и до 5.000 евра.

Законот предвидува и забрана за постојано врзување на кучиња без движење, како и ограничувања за неконтролирано размножување и продажба на миленици од нерегистрирани одгледувачи.

Дополнително, ќе се воведе задолжителна пријава на легла кај ветеринар, а се планира и формирање центар за трајно згрижување и вдомување на бездомни животни.

Предлог-законот е изработен од надлежните институции со цел намалување на бројот на напуштени животни и спречување на нивното неконтролирано размножување.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани