Приведен велешанец во Охрид – нападнал партнерка и бебе

На 03.05.2026 во 01:30 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишиле од слобода Б.Д. (55) од Велес, кој престојувал во градот.

Како што информира полицијата, постапено е по пријава од неговата 21-годишна невенчана сопруга, која пријавила дека во домот каде престојувале во Охрид, физички ја нападнал, при што го удрил и нивното бебе.

По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани