На 2 јуни 2026 година, во периодот од 01:50 до 02:10 часот, во СВР Охрид бил извршен службен разговор со 46-годишниот А.Д. од Охрид.
Според информациите од полицијата, на 1 јуни околу 23:35 часот, пред угостителски објект на улицата „Гоце Делчев“ во Охрид, по претходна расправија, тој физички го нападнал С.К.
По целосно документирање на случајот, против напаѓачот ќе биде поднесен соодветен поднесок.