Охриѓанец нападнат на булеварот „Туристичка“

СВР Охрид информира дека вчера бил пријавен физички напад на булеварот „Туристичка“ во Охрид.

Според информациите од полицијата, околу 20:10 часот, Л.У. физички го нападнал 43-годишниот И.В., при што и двајцата се од Охрид.

Од СВР Охрид велат дека се преземаат мерки за целосно расветлување и документирање на случајот, по што против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани