Запленети оружје, рачни бомби и барут, приведен охриѓанец

Три рачни бомби, револвер, две пушки, муниција и барут се пронајдени при претрес во дом во Охрид. Полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Охрид вчера го лишиле од слобода 37-годишниот Д.А. од Охрид.

При претресот, извршен по судска наредба, биле пронајдени и одземени еден револвер, две пушки, 22 куршуми од различен калибар, три рачни бомби и две најлонски ќеси со барут, кои осомничениот нелегално ги поседувал.

Од СВР Охрид информираат дека по целосното документирање на случајот против него ќе биде поднесена кривична пријава за неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани