Со низа активности Охрид ќе го одбележи Денот на Охридското Езеро

По повод 21 јуни – Денот на Охридското Езеро, Општина Охрид подготви богата програма со низа културни, спортски и забавни содржини.

Утре, од 10:30 до 12:00 часот во детската градинка „Јасна Ристеска“, објект „Централна“, ќе се одржи литературно-едукативниот проект за деца „Раскажи ми за езерото“. Во 11:00 часот во Библиотека „Григор Прличев“ е предвиден Фестивалот на поезијата и културата „Слушни го езерото“, додека вечерта од 19:00 часот на плоштадот „Вангел Наумовски“ ќе се реализира „Книжевен хепенинг за деца – Охрид 2026“.

Во сабота, од 10:00 часот на плажата „Горица 1“ ќе се одржи едриличарската регата „Заедно за иднината на езерото“. Истата вечер, од 20:00 часот во Центарот за култура „Григор Прличев“, во рамки на „Balkan music square“, ќе настапат ВИС „Билјана“ и Елена Христова – Баклава.

На 21 јуни, од 10:00 часот продолжува едриличарската регата, а вечерта од 20:00 часот следува втората концертна вечер на „Balkan music square“ со настап на Владимир Василески – Четкар.

Програмата ќе биде заокружена во понеделник, 22 јуни, со креативната детска работилница „Охрид и Охридското Езеро низ детските очи“ и детскиот музички фестивал „Распеано Рибарче“, на плоштадот „Вангел Наумовски“ со почеток во 19:00 часот.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани