Охриѓанец агресивно се однесувал кон членови на семејството.
На 24.04.2022 година во 05,20 часот, во СВР Охрид приведен е П.Р.(35) од Охрид. Тој, претходно во семејниот дом во Охрид, бил агресивен кон членовите на неговото семејство и им упатил закани по нивниот живот. Против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.