Охриѓанец без дозвола поседувал оружје.
СВР Охрид поднесе кривична пријава против С.А.(39) од Oхрид, поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“. При извршен претрес во неговиот дом во охрид, полициските службеници пронајдоа и одзедоа ловна пушка марка „Црвена Застава“, калибар 12 милиметри и 11 куршуми, што нелегално ги поседувал.
