За сторени дела затајување и изнуда, кривични пријави заработија еден охриѓанец и еден скопјанец.
Скторот за внатрешни работи Охрид поднесе кривична пријава против Р.П.(58) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “затајување“. Пријавениот на 10.08.2017 година од трансакционата сметка на Сојуз на спортови – Охрид, со која што бил задолжен од страна на Управниот одбор на сојузот, неовластено подигнал и присвоил 24.000 денари, со што го оштетил Сојузот на спортови –Охрид за истиот износ.
СВР Охрид поднесе кривична пријава против С.Б.(38) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “изнуда“. На 30.07.2017 година околу 15,00 часот, во Охрид, пријавениот во домот на В.В. (47), со закани се обидувал да изнуди пари од него, заради наводен долг кон друго лице, во износ од 300 амерички долари.