Охриѓанец се здобил со тешки повреди по телото откако бил нападнат од двајца сограѓани.
Ѓ.М. од Охрид бил физички нападнат во дворот од својата куќа, бил удиран со тупаници и со столица. Полицијата ги пронашла напаѓачите и поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело ,,тешка телесна повреда”, поднесла кривична пријава против две лица од Охрид.
Пријавените, казненото дело го сториле на 26-ти јуни оваа година околу 16 часот во дворно место од куќа сопственост на Ѓ.М. од Охрид. Тука, пријавените започнале вербална расправија со него а потоа физички го нападнале. Притоа, првопријавениот В.В.М. фрлил со столица према оштете- ниот и го удрил во пределот на десната рака, додека второ пријавениот И.С. физички го нападнал удирајќи го со тупаници во пределот на главата.
Претепаниот бил префрлен во ЈЗУ Општа Болница Охрид, каде со извештај на специјалист биле констатирани тешки телесни повреди.