Охриѓанец ќе раководи со македонската царина.
Гоко Танасоски од Охрид ќе биде директор на Царинската управа, за оваа одлука Заев веќе го информирал членството на партијата вчера во Охрид.
Танасоски е долгогодишен челн на СДСМ, тој е член и на Извршниот одбор на партијата а го водеше и изборниот штаб на последните избори. Се очекува одлуката деновиве да биде официјализирана.