Охриѓанец во обид со „БМВ“ да влезе во казино

За овој несекојдневен „подвиг“, охридската полиција го наградила охриѓанецот со кривична.

Поради постоење основи на сомнени за сторено казнено дело „предизвикување општа опасност“, СВР Охрид, до надлежното Јавно обвинителство поднесе кривична пријава против Р.К. (41) од Охрид.
-Тој, казненото дело го сторил на први овој месец во 00,20 часот пред казино лоцирано на улицата „ Партизанска“ во Охрид каде пристигнал со патнички автомобил марка „БМВ“. Притоа, возилото го искачил до третото скалило во обид, со автомобилот да влезе во казиното, по што избегал од местото, информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.
Со извршувањето на казненото дело, сега пријавениот предизвикал чувство на несигурност и страв кај вработените и останатите гости во казиното.

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани