Познатиот охридски музичар Мартин Милески, во Струга го доби признанието-наградата Лауреат 1 степен.
Охридскиот гитарист Мартин Милески, високото признание „Лауреат 1 степен“ го доби во Струга на фестивалот “Езерски Бисери” каде ја доби првата награда во дисциплината инструменти и иструментал.Среќен и задоволен од освоениот Лауреат и од организацијата на фестивалот, Мартин на својот ФБ профил напиша:
Се враќам од Струга и прекрасниот фестивал “Езерски Бисери” со прва награда дисциплина инстументи и иструментал. Лауреат 1 степен.
Уште еднаш, прекрасна организација, страшни таленти, честитки до сите. Нека се множат.
Охридскиот гитарист Мартин Милески, кој македонската јавност го познава по преработките на популарни светски хитови пред сè од рок музиката,пред скоро една година ја објави прекрасната инструментална преработка и својот прв видео запис со неоткриени убавини од Охрид за одличната „Кој да ми запее“ од Каролина Гочева.