По 45 пат Струга ќе биде домаќин на интернационален ракометен турнир како вовед во новата ракометна сезона.
45-от интернационален ракометен турнир „Струга 2017“-најстариот ракометен турнир во земјава, успешно ја продолжува својата традиција да биде најквалитетното ракометно натпреварување во Македонија и да го задржи квалитетот и високото реноме што го издигнува како еден од најдобрите ракометни настани на Балканот.Ракометните дуели се играат на отвореното игралиште на „Женска Плажа“ на брегот на Охридското езеро.Како и досега,учествуваат две македонски екипи и четири квалитетни странски тимови меѓу кои турскиот гигант Бешикташ и чведскиот шампион од 2009 и 2014 Алингсас.Натпреварите ќе се одржуваат до 15-ти месецов-вторник кога ќе биде одржан натпреварот за пласман.На првиот ракометен ден, победи остварија екипите на минатогодишниот победник Шарт и турскиот шампион и учесник во Лигата на шампионите Бешикташќ. Шарт немаше проблеми против домаќинот Струга и победи со 34:16, додека тимот на Немања Прибак во интересен меч го совлада Алингсас со 29:27.Распоредот на натпреварите до вторник е следен:
13 август
19:00 Бешикташ – Охрид
20:45 Металург – Шарт
14 август
19:00 Металург – Струга
20:45 Алингсас – Охрид
15 август
18:00 меч за петто место
19:45 меч за трето место
21:30 финале
Оваа година, на ракометниот турнир во Струга, нема да учествува македонскиот шампион Вардар, кој ќе организира свој турнир непосредно по завршувањето на „Струга 2017“.