Охриѓанка нападната од својот сопруг

Насилниот сопруг се заканувал по животот на семејството.

На 23.06.2020 година во СВР Охрид, 32-годишна жена од Охрид, пријави дека на 22.06.2020 околу 23 часот во семејниот дом, била физички нападната од нејзиниот сопруг, С.С.(37) од Скопје.
Тој, според пријавеното, на сопругата и на членови од нејзиното семејство, им упатувал закани по нивниот живот. По целосно документирање на случајот, против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани