Околу 30 килограми марихуана пронајдена во кичевско

Околу 30 килограми марихуана пронајдена во домовите на две лица од кичевско.

 

Во текот на вчерашниот ден (12.12.) полициски службеници од Полициската станица Кичево во содејство со припадници од криминалистичката полиција од Охрид и од Единицата за недозволена трговија со дрога при Министерството за внатрешни работи, по претходно добиени оперативни сознанија и врз основа на Судска наредба, извршија претрес во домовите на лицата А.А. (45) и Е.А.(47), двајцата од с. Аранѓел, кичевско.


При претресот беа пронајдени вкупно околу 30 килограми растителна тревкаста материја (марихуана). Имено, во приземните простории на куќата сопственост на А.А. биле пронајдени три најлонски кеси во кои имало три големи пакувања – црни најлонски вреќи завиткани со селотејп трака, додека во спалната соба во куќата на Е.А. била пронајдена една црна најлонска кеса полна со зелена растителна материја, информира портпаролот на охридската полиција Стефан Димоски. 

Пронајдените предмети биле одземени и предадени на вештачење во Министерството за внатрешни работи во Скопје, додека А.А. и Е.А. се лишени од слобода. По целосно документирање на случајот, против двете лица ќе биде поднесена кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани