Осум полициски резервисти избркани од работа

Осум полициски резервисти од СВР Охрид избркани од работа.Без никакво претходно образложение  доцна синоќа добиле повик да го раздолжат оружјето во полиција, бидејќи им престанал работниот однос.

 

Осуммината биле вработени од 2015 година како резервен полициски состав со договор на дело а вршеле обезбедување на претседатлската вила и  на премиерот.

-„Дежурниот ни се јави без никаква однапред најава дека фактички сме избркани од работа бидејќи денеска почнуваат нови осум припадници на резервниот состав днеска на местото наше“, вели Христијан Дулески  полициски резервист.

-„Нас никој не ни излезе во пресрет  да ни кажи што е проблемот со нас. Вие како го толкувате ова? Незнам и како личини интереси и како политички прогон“, вели вели Влатко Ангелески полициски резервист.

Со солзи во очи загрижени за опстанокот на своите семејства семејства, кои останаа  без главните месечни приходи, раскажуваат дека немале пензиско и здравствено осигурување ни годишен одмор  

-„ Јас имам ќерка на факултет значи таа учи, имам син завршува средно треба да оди ан факултет Јас немам други приходи“, додава Ангелески.

-„Остануваме социјални случаеви и тоа е без никаков приход“, вели Сашо Спироски полициски резервист.

Бараа средба со началникот но тој не сакал да ги прими најавија дека Ќе бараат правда по судски пат.   

Новинар Соња Рилковска

Канал 5 ТВ 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани