Општина Охрид ќе субвенционира купување на велосипеди.
Согласно Програмата за поддршка на локалниот економски развој на општина Охрид за 2022 година и Правилникот за користење на финансиски средства од Буџетот на општина Охрид за субвенционирање на граѓаните на подрачјето на општина Охрид за купување велосипед во 2022 година со бр.08-2982/6 од 15.03.2022 година, општина Охрид објавув ЈАВЕН ПОВИК ЗА СУБВЕНЦИОНИРАЊЕ НА ГРАЃАНИТЕ НА ПОДРАЧЈЕТО НА ОПШТИНА ОХРИД ЗА КУПУВАЊЕ ВЕЛОСИПЕДИ ВО 2022 ГОДИНА.
Право на учество на Јавниот повик има секое физичко лице кое ќе ги исполнува следните услови:
Да е жител на општина Охрид,
Да е невработено лице или студент,
Досега да нема искористено субвенција за купување на велосипед од друг извор на
финансирање или од општина Охрид,
Новиот велосипед да е купен во нашата држава со датум од 01.01.2022 год., се до
исцрпување на буџетот наменет за Јавниот повик.
Доделувањето на средствата ќе се врши по принципот “Прв дојден, прв услужен” во
периодот од објавување на повикот па се до исцрпување на буџетот наменет за Јавниот
повик.