Општина Охрид потпиша Меморандум за соработка со Филозофскиот факултет

Градоначалникот Кирил Пецаков, денес оствари работна средба со деканот на Филозофскиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј“, проф. д-р Ратко Дуев.

На средбата беше потпишан Меморандум за соработка, помеѓу Општина Охрид и Филозофскиот факултет. Со меморандумот дефинирани се целите на идната соработка, а кои се однесуваат на: взаемната размена на информации, знаења и искуства; обезбедување квалитетни деловно стручни услуги, како и учество, соработка и реализација на заеднички проекти, настани за промоција и заштита на културното наследство.

Реализацијата на зацртаните цели ќе се спроведува преку практична работа на студентите, заедничко организирање на научни и студентски конференции, обуки, летни школи, семинари, работилници, промоции и трибини.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани