Општината ангажира осум тандем наставници по физичко образование за охридските ученици

Со цел овозможување на правилен раст и развој на учениците од четврто и петто одделение, Општина Охрид во соработка со Сојузот на училишен спорт, ангажира осум наставници по физичко и здравствено образование кои како тандем наставници ќе треба да ја реализираат наставата по ФЗО за четврто и петто одделение.

Согласно законот за основно образование овие две генерации не се опфатени со тандем наставник по ФЗО, па затоа Општина Охрид преку сопствени средства во соработка со Сојузот за училишен спорт – Охрид, ангажира наставен кадар по ФЗО со цел и овие две генарации да бидат опфатени и часовите да бидат реализирани од стручен кадар, односно од наставници по ФЗО. Општина Охрид е прва општина во државата што има добиено позитивно мислење од Бирото за развој на образованието за реализација на ваков проект, информира градоначалникот Кирил Пецаков. 

May be an image of 13 people, people standing and indoor

Social profiles