Општина Охрид објави јавен повик за доделување на еднократен паричен надоместок – образовен додаток за студенти кои потекнуваат од семејства со социјален ризик и студираат надвор од општина Охрид за академската 2024/2025 година Општина Охрид, во врска со својата надлежност за социјална заштита за академската 2024/2025 година ќе додели еднократен паричен надоместок – образовен додаток за студенти кои студираат надвор од општина Охрид и потекнуваат од семејства со социјален ризик а се со место на живеење во општина Охрид.
1. Право на паричен надоместок – образовен додаток
Општи услови:
– да се жители на Општина Охрид;
– да се редовни студенти, запишани во тековната година на универзитетите
во РМ (со одалеченост од најмалку 70 км од општина Охрид);
– да не повторувале година во текот на своето образование;
– да не е корисник на стипендија или кредит од друга инситуција или
компанија;
Напомена: неисполнувањето на сите општи услови заедно е основ за
одбивање на пријавата.
Сите услови на овој линк