Отворена 14-тата Меѓународна ликовна колонија „Вевчански видувања 2025“. Зеленото Вевчани и годинава е домаќин на 22 уметници од Македонија, Србија, Словенија, Грција, Велика Британија, САД и Франција. Свеченото отворање беше збогатено со аукција и добротворна акција за поддршка на погодените од пожарот во Кочани. На колонијата по трет пат ќе биде организирана и детската ликовна школа но ќе творат и млади талентирани сликари.
-Со поддршка на Шапркасе банка, како општествено одговорна комп-анија, десет ументици млади сликари кои имаат завршено академија за ликовни ументости десет дена ке работат во вевчани заедно со нивните постари колеги ке создаваат дела ќе разменуваат ставови ке учат нови техники и начиниз а творење. И секако како и секоја година потоа сликите ќе бидат донирани за хуманитарни цели, вели Ефимија Угриноска Кукоска организатор.
Зеленото Вевчани е неисцрпна инспирација за светските уметници. Тие се воодушевени од природните и културните убавини, храната , традицијата и гостопримството на домаќините.
-Ова е втор пат да сум во Вевчани има две работи што ме воодушевуваат тука. Првенствено локацијата помеѓу езерото и планината, што е еден посебен спој особено значаен за ументиците. Перспективата е воодушевувачка. Многу сум среќна што сум овде по втор пат, вели Далас Адвент ументица од САД.
-Прв пат сум овде и пресреќен сум што сум дел од оваа манифестација. Имам инспирација, веќе одредив работам еден акрил метар на метар а потоа уште неколку слики дополнително., вели Милош Декиќ ументик од Словенија
Во изминатите 14 години, „Вевчански видувања“ прерасна во најеминентната ликовна колонија во државата, а и пошироко во регионот. Низ неа белег оставиле повеќе од 200 афирмирани сликари од сите светски меридијани.
Делата создадени под падините на Јабланица го обиколија светот, биле изложени на бројни континенти – од европските културни центри како Софија, Белград и Подгорица до далечни изложбени простори во САД-Њујорк , Франција-Париз и Русија-Москва.





