Паѓаат цените на становите

Продолжува падот на цените на становите.

Народната Банка мери надолни корекции веќе пет квартали по ред. Ова го потврдуваат и од Агенциите за недвижности. Пазарот е презаситен – над 10.000 станови се непродадени само во Скопје.

НБРМ: пад на цените за 3.9% за една година

Во најновиот извештај стои дека од април до јуни 2017 во однос на истиот период лани цените на становите се намалени за 3.9%. Сепак НБРМ очекува стабилизирање во претстојниот период, пред се поради помалата понуда во иднина. „Наспроти двоцифрените стапки на раст во изминатите две години, во првиот квартал од годината е регистриран мал раст на изградбата на станбени згради, а забавување на годишната динамика на раст се забележува и кај издадени одобренија за изградба на станбени згради“ наведуваат од Народната банка. Податоците на Народната банка за кредитите, пак, покажуваат дека станбените кредити во јули имале двоцифрена годишна стапка на раст од 13.7%. Граѓаните сега должат над 600 милиони евра по овој основ. Анализите на НБРМ покажуваат дека има значителна промена на просечната цена на становите во изминатите години. Најевтини биле во 2006-та, цените се зголемувале се до 2010-та кога почнува нивното намалување. Така во 2016-та во однос на 2010-та просечната цена на квадратот била пониска за 15%. Во 2016-та во однос на 2010-та била пониска за 23%.

Според податоците во катастар во земјава има  над 13.000 непродадени станови, пренесува Денар.мк. Целата анализа ТУКА

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани