Во рамките на манифестацијата „Вевчанско Лето 2026“, на 15 јули (среда) во Домот на културата во Вевчани ќе гостува Народниот театар Охрид со претставата „Парите се отепувачка“ од Ристо Крле.
Претставата е во адаптација и режија на Андреј Цветановски, а улогите ги толкуваат Стрезо Стаматовски, Филип Кипровски, Марија Новак, Адријана Билаловиќ-Тодороска и Никола Тодороски.
Почетокот на претставата е во 20 часот, а организаторите ги покануваат љубителите на театарската уметност да присуствуваат и да уживаат во сценската изведба на едно од најзначајните дела на македонската драмска литература.
