Ќе се  одбележат  80 години од раѓањето на Иван Карадак

Со пригодна свеченост, на 16 јули (четврток), во 12 часот, во Галеријата на НУ Центар за култура „Григор Прличев“ во Охрид ќе биде одбележан јубилејот 80 години од раѓањето на Иван Карадак (1946–2017) – македонски писател, драматург, афорист и сатиричар, еден од најзначајните творци на современата македонска сатира и хумор.

Во рамки на одбележувањето ќе биде реализирана пригодна културно-уметничка програма, меморијална поставка, осврт кон неговото книжевно творештво, како и драмски перформанс инспириран од неговото дело.

Настанот има за цел да му оддаде почит на авторот чие творештво остави трајна вредност во македонската литература, театарот, радиото и сатирата, како и да придонесе за зачувување на неговото богато културно наследство за идните генерации.

Организаторите упатуваат покана до јавноста да присуствува на свеченото одбележување и заеднички да се оддаде почит на ликот и делото на Иван Карадак.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани