Македонија и Албанија со заеднички полициски патроли за превенција од шумски пожари

Во пресрет на летната сезона, македонската и албанската полиција ги засилуваат заедничките активности за превенција и навремено справување со шумските пожари.

Полициски службеници од СВР Охрид и Полициската станица за граничен надзор „Св. Наум“, при Регионалниот центар за гранични работи Запад, одржаа работна средба со колегите од полициската станица во Поградец при Министерството за внатрешни работи на Република Албанија.

На средбата беа договорени координирани превентивни безбедносни мерки за подигнување на јавната свест за заштита на шумите од пожари и спречување на пожари на отворен простор.

Предвидено е за време на летната туристичка сезона да се реализираат заеднички полициски патроли во шумските појаси долж граничниот и пограничниот простор. Дополнително, двете полиции ќе воспостават поинтензивна размена на информации за потенцијалните ризици и директни комуникациски канали за побрзо известување и координација при евентуална појава на пожар.

Целта на договорените активности е навремена реакција на надлежните служби, побрзо локализирање и поефикасно гаснење на шумските пожари во пограничниот регион.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани