Градоначалникот на Општина Дебрца, Златко Сиљаноски, оствари средба со амбасадорот на Република Австрија во земјава, Н.Е. Мартин Памер, на која се разговараше за продлабочување на соработката меѓу Општина Дебрца и австриската покраина Тирол.

На средбата беше истакнат досегашниот придонес на покраината Тирол за Дебрца, особено преку донацијата на возило и опрема за потребите на Доброволното противпожарно друштво „Ентузијаст“, за што градоначалникот изрази благодарност.
Соговорниците разменија мислења и идеи за воспоставување на поинтензивна соработка во повеќе области од заеднички интерес, со акцент на размена на добри практики и реализација на заеднички иницијативи што ќе придонесат за развојот на општината.
„Продолжуваме да градиме силни меѓународни партнерства во интерес на граѓаните“, порача градоначалникот Сиљаноски по средбата.
