Општината ќе помогне на семејството на кое му се опожари куќата.
Попладнево го посетив семејството чија куќа денес беше зафатена од пожар. Брзата интервенција на Територијалната противпожарна служба спречи понатамошно проширување на пожарот.
За среќа во пожарнот нема жртви, а причинета е поголема материјална штета.
Од страна на надлежните служби се информирав за целокупната ситуација и настанатата штета. Следува истрага за причината поради која настанал пожарот, додека ние ќе во рамки на можностите ќе се обидеме да излеземе во пресрет на семејството, информира градоначалникот Кирил Пецаков.

