Пецаков најави помош за семејството со опожарена куќа

Градоначалникот Кирил Пецаков најави помош за семејството на кое вчера му изгоре куќата.

Во пожарот вчера попладне што ја зафати куќата на ул. „Петар Поп Арсов“, Територијалната против пожарна единица интервенираше со четири возила и десет пожарникари.
 Во немилиот настан за среќа немаше жртви, но  причинета е  материјална штета.
 

-Општина Охрид заедно со Црвен крст Охрид, на семејството првично им обезбеди прехрамбени производи, средства за хигиена и лекови. Дополнително работиме на изнаоѓање начин семејството да го сместиме во привремено живеалиште се до обезбедување на услови за нормално фунцкионирање во нивниот дом, информира градоначалникот Кирил Пецаков. 

Можно е да е слика од 6 луѓе, луѓе што стојат и надвор

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани