Првото интервју на новиот претседател на ОК на ВМРО ДПМНЕ Охрид Кирил Пецаков дадено за Охриднет.ком.
Запознајте го младиот амбициозен доктор- стоматолог, секогаш позитивен и расположен за разговор. Полн со елан, подготвен за сите предизвици и уверен во нови победи на матичната партија…..
1.Кирил, ти беше претседател на УМС на ВМРО ДПМНЕ Охрид, денес веќе координатор на штабот….. Кажете ни кои се вашите први потези во партијата?
Да , со политика започнав да се занимавам во 2000 година како потпретседател на УМС на ВМРО ДПМНЕ во МК Центар во Охрид и постепено низ структурите на УМС напредував, како потпретседател на УМС на ОК ОХРИД, па претседател на УМС на ВМРО ДПМНЕ ОК ОХРИД во 2008 година и член на Извршниот Комитет на УМС ВМРО ДПМНЕ истата година, член бев и на Општинскиот Комитет во партијата од 2008-2011, член Централниот Комитет на партијата 2008-2011, Дел од републичкиот изборен штаб како координатор на 2 ИЕ и учесник во сите изборни циклуси до ден денешен како дел од партиските структури. Постепено напредувајќи низ структурите на партијата стигнав и до Претседател на ОК Охрид на ВМРО ДПМНЕ..
Во првите неколку недели ќе се сретнам со сите структури кои се дел од партијата, организационо ќе се екипираме пред самиот старт на кампањата и спремни ќе го дочекаме официјалниот дел од кампањата.
2. Наидовте на постизборна внатрепартиска разединетост, па и кавги и расправии. Како мислите да ги сплотите вашите симпатизери и членови?
Првично комитетот го налседив во добра кондиција, во одлична низа на победи во изминатите изборни циклуси вклучувајќи го и последниот изборен циклус каде што ВМРО ДПМНЕ во Охрид победи и беше еден од носителите победата бо ИЕ 5..
Околу кавгите и расправиите не размислуваме баш исто… едноставно природно е да се има различни гледишта за одредени расправии, а понекогаш и медиумите прават од „влакно фортома“ шо би се рекло народски кажано
После првичните состаноци со сите инволвирани луѓе во голем дел од претходните изборни циклуси, заедно со претседателите на Месните Комитети можам да кажам дека целата структура е обединета со една цел, победа на претстојните локални избори и на советничките листи и за градоначалник и фокус на нас како Општински Комитет ќе биде токму тоа
3. Кои се очекувањата на претстојните локални избори?
Првично сме во исчекување на официјално претставувавње на кандидатот за градоначалник За Охрид од нашата партија, а потоа како што веќе кажав ПОБЕДА и на советничките листи и за Градоначалник
4. Што е за тебе ВМРО ДПМНЕ? Од кога си дел од Општинскиот комитет?
ВМРО ДПМНЕ е она со кое уште од млади години сум преокупиран или поточно од мојата 14 година сум се активирал,функционирал и постепено напредувал низ партиските структури,ВМРО ДПМНЕ е партијата во која буквално сум вложил голем дел од слободното време и за која партија и понатаму ќе се вложувам максимално без разлика на која позиција ќе бидам во иднина..
ИЛИ попрецизно дел сум од ВМРО ДПМНЕ од 2000 година, а на сениорско ниво дел од ОК од 2008-2011
5. Последно прашање кој е Кирил? Млад успешен стоматолог, семеен човек, оженет со едно дете…..
Роден сум 06.07.1985 во Охрид
Основното образование – “Григор Прличев” – Охрид
Средното образование – “Св. Климент Охридски” Гимназија –Охрид
Високото образование на стоматолошкиот факултет во Скопје
Вработен во ЈЗУ “Здравствен дом” Охрид како доктор по стоматологија
Оженет и татко на едно дете